Елмас е голема желба на Мурињо – се враќа во Фенербахче!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не добива голема минутажа во Лајпциг и поради тоа се појавија шпекулации дека би можел да го напушти бундеслигашот.

За услугите на Елмас се заинтересирани неколку тимови, меѓу кои се Наполи и Фенербахче. Тие ќе се борат за потписот на македонскиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок.

Фенербахче на Жозе Мурињо е ептен „загреан“ за враќање на Елмас во своите редови, но ќе има тешка задача да го убеди затоа што и Наполи планира да испрати понуда.

Елмас играше за Фенербахче од 2017 до 2019 година, по што потоа пет сезони играше за Наполи.