„Комити“ го кренаа гласот против управата на Вардар


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Најверната навивачка група „Комити“ смета дека ситуацијата во Вардар е ужасна, а како главен виновник се посочува раководството на тимот.

Навивачите повикаа на мобилизација и отворија „народен фронт – за Вардар“.

„Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ – ЗА ВАРДАР!

Во среда[23.10.2024] на западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи – секој член, сите оние кои размислуваат поинаку!

Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО!

Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане!

Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата – БОРБА!

ФК Вардар – ГФК Тиквеш [23.10.2024]“, соопштија од навивачката група.