Ливерпул во Германија најде замена за Салах


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Мохамед Салах речиси сигурно ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Ливерпул активно работи на пронаоѓање на неговата замена, а последниот играч кој се споменува во тој контекст игра во Германија.

Ако нешто драстично не се промени, Салах ќе си замине од Ливерпул на крајот од тековната сезона.

Договорот со тимот од „Енфилд“, Египќанецот го има до летото 2025 година, односно до крајот на сезоната и според се, тој нема да биде продолжен.

Навивачите и управата на Ливерпул имаат желба Салах да остане, но потпишувањето на нов договор е далеку и времето не смее да се губи.

Многу имиња се споменуваа како замена за Салах, а последното е Џејми Гитенс, 20-годишен англиски фудбалер и член на Борусија Дортмунд.

Како што објави „Билд“, Дортмунд веќе одреди цена за него која изнесува 100 милиони евра.