Арсенал дозна лоша вест по дербито со Ливерпул


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англиските гиганти Арсенал и Ливерпул одиграа нерешено (2-2) во деветтото коло од Премиерлигата, а тренерот Микел Артета дозна лоши вести по дербито.

„Топчиите“ имаа проблеми со повредени фудбалери пред натпреварот, но очигледно и по него откако Габриел мораше предвреме да го напушти теренот.

„Габриел не може да трча. Не знам што се случи. Не знаеем дали е коленото или зглобот, ќе оди на детални медицински прегледи“, кажа Артета.

Арсенал е на третата позиција со 18 бодови, додека Ливерпул е втор со 22 бода, односно еден помалку од лидерот Манчестер сити.