Јунајтед, сепак ја плаќа клаузулата: Желбата на Сити за замена на Пеп се сели на „Олд Трафорд“?!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Откако се појави веста дека Јунајтед го сака Јулијан Нагелсман, сега во центарот на вниманието е пореалната опција – Рубен Аморим!

Најверојатно, Јунајтед веќе пред неколку дена воспоставил комуникација со Аморим, и кога добил „зелено светло“ дека би можел да ја прифати понудата, одлучил и да го отпушти Ерик тен Хаг по новиот пораз.

Изворите пренесуваат дека личните услови нема да бидат проблем, дека Аморим е подготвен да ги прифати, но ако претходно Јунајтед постигне и договор со Спортинг.

Португалскиот клуб сака да се исплати вкупната откупна клаузула, која изнесува помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Аморим е на клупата на Спортинг уште од март 2020 година и јасно е дека дојде моментот за напредок во кариерата. Многу го предвидуваа уште минатото лето, но не се случи, иако го контактираа Челси, како и Вест Хем. 

Дали ова е вистинското решение за Јунајтед? Секако дека звучи најдобро од сите можни опции до сега, ако се земе предвид дека Јулијан Нагелсман во овој момент е невозможна мисија.