Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Холанѓанецот Ерик Тен Хаг доби отказ по лошите резултати со Манчестер јунајтед, а наскоро од клубот би можел да замине и едно од неговите засилувања.
„Ѓаволите“ платија дури 100 милиони евра за услугите на Антони, кој беше голема желба на Тен Хаг, но се покажа како големо разочарување.
Бразилецот има договор до 2027 година, со опција да ја продолжи соработката, но најверојатно во јануари ќе ги спакува куферите и ќе замине од тимот.
На кормилото наскоро ќе седне Рубен Аморим кој доаѓа од Спортинг Лисабон, па се очекува целосна реконструкција на клубот од „Олд Трафорд“.