Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Хајдук Сплит, Марио Мешторовиќ бил застрелан минатата ноќ во Винковци.
Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил околу 22 часот кога непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон Мешторовиќ, а притоа го погодил во нога.
„Лицето е пренесено во болница на укажување лекарска помош. Во свесна состојба е и го опиша напаѓачот кој со велосипед го напуштил местото“, соопштија од хрватската полција.
Мешторовиќ ја заврши кариерата во 2003 година, а играше за Хајдук, Цибалија, Риека, Алавес, Хапоел Тел Авив и други екипи.