Ѓоковиќ за првпат по две години испадна од топ-4 на АТП-листата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за првпат по две години испадна од топ-4 на АТП-листата, односно од денеска се наоѓа на петтото место со 5.210 бодови.

По одлуката да не настапи на Мастерсот во Париз стана јасно дека Ѓоковиќ го очекува пад на АТП-листата.

Ѓоковиќ минатата сезона ја освои титулата во Франција, но сега загуби 1.000 бодови поради тоа што не настапи во Париз.

Иако претходно најави пауза и реши да го пропушти мастерсот во Париз, Ѓоковиќ најверојатно ќе обезбеди пласман на Завршниот турнир во Торино поради лошите резултати на неговите конкуренти.