Гвардиола повторно се налути: Играме многу натпревари, како да сме во НБА!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола продолжи да негодува поради густиот распоред на натпревари, па фудбалот го спореди со НБА-лигата.

„Граѓаните“ оваа сезона имаат проблеми со повреди, а Пеп смета дека една од причините за тоа се големиот број натпревари.

„Во минатото игравме многу натпревари. Можеби со Светското клупско првенство ќе одиграме повеќе од 70 меча. Тоа е како во НБА-лигата, со тоа што тие имаат четири месеци пауза, а ние само три недели“, кажа Гвардиола.

Манчестер сити од почетокот на сезоната имаше проблеми со повредени играчи, односно мораа да паузираат Рубен Диас, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс, Кевин Де Брајне и Родри.