Аморим предупреди пет фудбалери на Манчестер јунајтед


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Португалскиот тренер Рубен Аморим го имаше првото интервју како тренер на Манчестер јунајтед, откако неодамна седна на кормилото на премиерлигашот.

Навивачите на клубот имаа големо трпение за млади фудбалери како Меино, Гарначо, Диало, Хојлунд и Јоро, но Аморим кажа дека секој мора да го покаже својот квалитет.

„Не сакам да велат дека ни е потребно време затоа што сме млад тим. Во фудбалот мора да се победува и да се игра без страв. Ќе барам од сите да работат на усовршување на мојата идеја“, кажа Аморим.