Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим е подготвен да го врати во клубот францускиот фудбалер Пол Погба. 39-годишникот го смета Погба за играч кој може да донесе предност и е подготвен да го ангажира на шестмесечен договор.
Пол Погба моментално е надвор од теренот поради пад на допинг тестот. На теренот треба да се врати почетокот на март следната година и тоа како фудбалер на Манчестер Јунајтед.
31-годишниот Французин е омилен играч на новиот менаџер на Црвените ѓаволи Рубен Аморим.
„Играчот кого би сакал да го тренирам е Пол Погба. Моето мислење е дека тој има сѐ што е потребно еден фудбалер и перфектно би се вклопил во мојот систем. Микс е на Зидан и Рој Кин и способен е да контролира натпревари“, рече Аморим за „Индепендент“.