Манчестер сити ќе урне рекорд за да го купи наследникот на Родри


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер сити планира да ангажира замена за повредениот Родри во текот на јануарскиот преоден рок, а на листата со желби на Пеп Гвардиола се наоѓа Ворен Заир-Емери од ПСЖ.

Медиумите пишуваат дека 18-годишниот талент, кој дебитираше за првата екипа на ПСЖ, е главна желба на „граѓаните“ кои сакаат да потрошат 120 милиони евра за неговиот потпис.

Премиерлигашот на таков начин ќе го урне клупскиот рекорд кој во моментов изнесува 117 милиони евра за Џек Грилиш.

Емери досега настапи на 88 меча, а притоа постигна седум голови и осум асистенции, а дефинитивно ќе има тешка задача да го замени Родри во Манчестер.