Нема повеќе дилема: Гвардиола донесе одлука за неговата иднина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата, Пеп Гвардиола планира да остане во Манчестер сити уште една година.

Гвардиола има договор со „граѓаните“ до крајот на сезоната, но почнаа шпекулации дека се подготвува за разделба, меѓутоа такво нешто нема да се случи.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Гвардиола ќе остане сигурно до крајот на сезоната на „Итихад“, а потоа ќе се разгледа опцијата да потпише договор до крајот на јуни 2026 година.

Гвардиола е тренер на „граѓаните“ од 2016 година, а притоа успеа да освои шест титули во Премиерлигата и пехар во Лигата на шампиони.