Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку дена фудбалерите на Манчестер јунајтед тренираат под тренерската палка на новиот шеф на стручниот штаб во овој клуб, а тоа е секако Португалецот Рубен Аморим.
Јасно е на сите дека во овој клуб ќе се случат големи промени кога станува збор за играчкиот кадар во наредните два трансфер периоди.
Раководството на „ѓаволите“ покажа голема желба да доведе фудбалер од Реал Мадрид, тврдат медиумите од Шпанија. Наводно и самиот фудбалер е многу среќен што го сака клубот од „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека премиерлигашот остварил контакт и започнал преговори со средниот фудбалер на Реал Мадрид, а станува збор за Едуардо Камавинга.
Наводно и на Камавинга му ласка понудата што ја добил од „Олд Трафорд“, и не би имал ништо против заминување во Англија каде што сигурно би играл многу повеќе отколку во Мадрид.