Мурињо одбил работа од соништата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо е во моментов на чело на Фенербахче, откако турскиот гигант го именуваше порано оваа година. Претходно, Португалецот ги водеше Челзи, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем, Интер, Порто…

Она што никогаш не го работел е работа во репрезентација, а во подкастот кај Рио Фердинанд откри дека имал понуди од Португалија и Англија, но ниту една не ја прифатил.

„Одбив одлични можности за работа. Првата беше дури многу тешко да се одбие, бидејќи тоа беше Португалија“, рече Мурињо, а на прашањето кога и како дошол повикот од Англија, одговара:

„Беше тоа во сезоната 2007/08 кога Капело доби работа. Имав понуда на маса. Не потпишав бидејќи работата во репрезентација не е нешто во што би уживал“.