Аморим: Ќе страдаме долг период за да имаме подобра иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот тренер Рубен Аморим тргна амбициозно со новиот предизвик во кариерата, меѓутоа не се прослави на дебито на клупата на Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ вчера ремизираа на гостувањето кај Ипсвич (1-1), а Аморим кажа дека премиерлигашот го чека долг период на консолидирање на тимот.

„Ќе страдаме долг период, но тоа е затоа што ќе работиме за подобра иднина. Ќе се обидеме да победуваме на сите натпревари. Знам дека навивачите не се среќни кога нема да победиме, но во моментов се обидуваме да промениме многу работи во клубот“, кажа Аморим.

„Ѓаволите“ во моментов се на 12. место со 16 освоени бодови по 12 одиграни кола.