Аморим сфаќа каде пристигнал, ова не му се случило четири години во Спортинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот менаџер Рубен Аморим вчера дебитираше на клупата на Манчестер јунајтед.

Тој на гостувањето во Ипсвич освои само бод со новиот тим, а го чека голема работа за да ги врати паднатите „црвени ѓаволи“ на врвот на англискиот фудбал.

Досегашниот тренер на шампионот на Португалија, Спортинг не беше задоволен по дебито на новата работа.

Прекумерно размислувавме и затоа ја губевме топката под притисок неколку пати. Навистина сакавме победа. Многу зборувам со медиумите… Оваа недела разговарав повеќе со новинарите отколку за четири години во Спортинг. Само сакам да се посветам на тимот и играчите“, рече Аморим.

.