Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Романската тенисерка, која има македонски корени, Симона Халеп реагираше на ситуацијата каде и Ига Швјонтек и Јаник Синер беа прелесно ослободени од одговорност за позитивните допинг-тестови.
Синер доби минимална суспензија кога двапати во март беше позитивен на клостебол, додека Швјонтек беше позитивна во август на триметазидин.
Нејзе ѝ беше изречена суспензија од еден месец, ја оспори и таа беше скратена, а по сето тоа се огласија од Меѓународното тело за интегритет во тенисот. Поради сето ова, писмо напиша и Халеп, која исто така еднаш падна на допинг заради роксадуста, но нејзината суспензија беше подолга, а процесот на докажување беше значително потежок за што обвинува телото за интегритет.
„Седам и се трудам да разберам, но навистина е невозможно да разбирам вакво нешто. Седам и се прашувам зошто е толку голема разликата во третманот и проценката? Не можам да најдам и мислам дека не може да биде логичен одговор. Тоа може да биде само лоша волја на телото за интегритет, организацијата која направи апсолутно сè за да ме уништи, и покрај доказите“, започна Халеп.