Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Португалскиот стратег Рубен Аморим неодамна беше поставен за нов тренер на Манчестер Јунајтед и веќе е јасно дека следното лето ќе се направи голема реконструкција на тимот.
По неколку недели лоши резултати и без голем напредок под водство на Ерик тен Хаг, Манчестер Јунајтед го раскина договорот со холандскиот тренер. Клубот реши да направи промена и да го доведе Рубен Аморим, кој доаѓа од португалскиот Спортинг.
Аморим го очекуваат големи предизвици, а неговиот главен фокус е да се обиде да го извлече максимумот од оваа сезона, по што следното лето ќе добие слобода да направи какви промени сака во составот.
Според извори од англиските медиуми, тренерот веќе започнал да работи на трансформацијата на тимот и наводно веќе го одредил првиот фудбалер кој ќе биде испишан од плановите за следната сезона. Станува збор за искусниот дански фудбалер Кристијан Ериксен, со кого Аморим имал средба пред неколку дена. На неа, Ериксен му било соопштено дека нема да биде во плановите за идната сезона и дека од јануари може да започне со барање нов клуб.