Ѓоковиќ доби подарок од Дел Потро по мечот во Аргентина (Видео)

Најдобриот тенисер во историјата, Новак ѓоковиќ викендов заигра против Хуан Мартин Дел Потро во Буенос Аирес, Аргентина.

Ова беше последен меч за Дел Потро, кој замина во пензија, а на теренот беа забележани емотивни сцени.

Поранешниот гренслем освојувач Дел Потро подготви и изненадување за својот пријател, односно му подари три шишиња вино.

На едно од нив се гледа фотографија од Ѓоковиќ и Дел Потро од нивниот меч на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.