Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неверојатна, но и многу вознемирувачка сцена доаѓа од Гвинеја, каде што околу сто луѓе се мртви по инцидентите што избувнаа на натпреварот од Купот Мамаду Думбуја, каде што се сретнаа екипите на Н’Зерекоре и Ламбеа.
Купот Мамаду Думбуја е традиционално натпреварување во оваа земја, кое се игра во чест на тамошниот претседател, но оваа година беше сведок и на огромна трагедија на овој натпревар, а сето тоа поради контроверзите на самиот терен.
Екипата на Лабеа доби два црвени картона, потоа едниот беше поништен од страна на министерот, а потоа Лабеа доби и пенал, што само ги разлутило навивачите, кои почнале да фрлаат камења кога се вмешала и полицијата, како и други навивачи, а сето ова ескалирало со голем број на мртви.
На социјалните мрежи се појавиле и слики од телата, кои лежат на улиците, додека, како што се наведува – мртовечниците се веќе полни, па телата ќе останат на улиците уште некое време.
Сè уште нема официјална потврда колку точно се мртви, убиени, но се шпекулира дека бројот надминува 100, и се вели дека има и голем број малолетници кои загинале во нередите што се продолжиле.
📌💔🇬🇳ГВИНЕЈА- Н’ЗЕРЕKОРЕ
— Abdourahmane ba (@Abdou5964) 1 декември, 2024
Турнир доделен со трофејот на Генерал Мамади Думбуја: една приказна за измама се претвори во трагедија
Финалето на турнирот на рефундацијата доделено со трофејот на Претседателот генерал Мамади Думбуја, кое се одржа меѓу Н’зереkorе и Лабе се претвори во драма оваа недела.
Неки… pic.twitter.com/KfXi86nnvx