Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот аргентински тенисер, Хуан Мартин Дел Потро ја заврши својата богата тениска кариера, со победа над Новак Ѓоковиќ во Буенос Аирес со 2:0.
Вистински тениски спектакл можевме да гледаме минатата вечер, а очекувано, сè беше посветено на Дел Потро, па дури и самиот Новак, кој му дозволи да го покаже сето она што го красеше низ кариерата.
„Како и сите овде во оваа сала, емотивен сум. Исто така, благодарен што можев да играм со мојот пријател, голем човек, голем играч и голем ривал. Специјален е овој ден и за мене бидејќи помина доста време откако го видов првпат, мислам дека тоа беше во Франција. Верувам дека во последните месеци, години, станавме поблиски. Реков толку пати, не познавам ниедна личност што не го сака Хуан Мартин. Дојдов од култура каде се почитуваат тие вредности, како се однесува човек, колку е професионален, но важно е секогаш да се почитува животот, срцето, душата. И верувам дека Хуан Мартин е пример за сите нас. Неговата најголема победа во животот е тоа што е прекрасна личност. Првото, оваа вечер е тажна за светот на спортот, за светот на тенисот. Но, чувствувам и радост, бидејќи сме тука да ја славиме неговата кариера и сето она што го направи сите овие години. И последното, она поважно, благодарам на семејството Дел Потро“, кажа Новак.