Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Барселона доби одлични вести пред гостувањето кај Мајорка, кое е закажано за утре..
Каталонците немаат победа во последните три натпревари од Ла Лига и ќе бидат очајни за освојување на сите три поени утре против Мајорка.
Пред натпреварот, Ханси Флик откри дека на тренинг се вратиле тројца клучни играчи кои беа повредени во изминатиот период.
Според новинарот Алекс Пинтанел, триото на Барселона Роналд Араухо, Алехандро Балде и Дани Олмо тренираа редовно со групата денес, а тоа најавува дека ќе бидат достапни за утрешното патување во Мајорка.