Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси не ја заврши сезоната во Америка како што се надеваше, бидејќи неговиот Интер Мајами испадна веќе во првата рунда од плејофот за шампион на МЛС-лигата. Аргентинецот веќе е на одмор, а фудбалската јавност зборува за неговото сензационално враќање во Европа.
Интер играше одлично за време на регуларниот дел од сезоната и беше убедливо прв во Источната конференција, па беше јасно дека Меси и друштвото се главни фаворити за освојување на титулата шампион на Америка.
Меѓутоа, клубот од Мајами се сопна веќе на првата пречка во плејофот, бидејќи по три натпревари Атланта Јунајтед успеа да ги победи и да се пласира понатаму, што беше навистина големо изненадување.
Така, Меси и неговите соиграчи веќе од 10 ноември се на одмор, кој ќе трае до крајот на јануари кога ќе започнат подготовките за новата сезона на МЛС-лигата. Меси веќе со семејството одлучи некое време да помине во Аргентина и се очекува дел од одморот да го помине и во Барселона.
Но, најдобриот играч на сите времиња е во центарот на вниманието бидејќи се почна да се шпекулира за неговото сензационално враќање во Европа и дека би можеле да го гледаме Меси повторно на најголемата сцена веќе од јануари.
Медиумите во Англија почнаа да шпекулираат дека Меси би можел да дојде во Манчестер Сити на позајмица, откако Пеп Гвардиола јавно почна да се жали дека му треба фудбалер кој има вистинска визија на теренот и кој знае во секој момент што треба да направи со топката.