Јунајтед игра ужасно, а Аморим вели: Наша цел е да ја освоиме Премиер лигата!


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Тотенхем го елиминираше Манчестер Јунајтед од ЕФЛ Купот со победа од 4:3, а по завршувањето на натпреварот, тренерот Рубен Аморим зборуваше за актуелната ситуација во клубот.

Аморим ја истакна борбеноста на неговиот тим, која беше присутна и во моменти на тешки порази. “Во последните натпревари покажавме наша силна волја и посветеност, дури и кога се наоѓавме во незавидни ситуации”, изјави тој.

На крај, Аморим ја нагласи амбицијата на Манчестер Јунајтед да ја освои Премиер лигата, што останува главна цел на клубот.

„Тоа е нашата најголема цел, но не можам да кажам колку време ќе ни биде потребно за да ја постигнеме. Сепак, продолжуваме да се стремиме кон тоа“, заклучи тренерот.