Митревски: „Изгорев“ од температура, но не се откажав!


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Македонија и Австрија одиграа натпревар, полн со напнатост и изедначеност, завршувајќи со резултат 29-29. Филип Кузмановски беше тој што го постигна голот во последните секунди и донесе реми.

Голманот Никола Митревски одигра клучна улога за Македонија, откривајќи дека пред самиот почеток на натпреварот имал здравствени потешкотии, поради висока температура.

„Резултатот 29-29 е најреален исход со оглед на динамиката и настаните на теренот. Натпреварот беше целосно изедначен во текот на сите 60 минути. Се играше буквално гол за гол. Тие постигнаа погодок на четири секунди до крајот, но ние успеавме да израмниме во последниот момент. Во првиот дел водевме со два-три гола разлика, но не успеавме да го задржиме водството. Исто така, во второто полувреме повторно поведовме, но Австријците израмнуваа. На крај, тие поведоа, а ние одговоривме со израмнувачки гол. Пред мечот ‘горев’, но не размислував да се откажам. Сличен проблем имаа и други играчи, но сите стегнавме заби и издржавме,“ изјави Митревски.