Фонсека доби нова позиција – ќе води познат француски тим


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Пауло Фонсека, кој претходно го водеше тимот на Милан, брзо најде нова работа по неговото заминување од италијанскиот клуб и ќе седне на чело на Лион.

Фонсека потпиша договор со клубот од Лион кој трае до 30 јуни 2027 година. Тој ќе го наследи Пјер Сеж, кој беше отпуштен пред три дена.

Во текот на својата кариера, Фонсека беше на чело на различни тимови, меѓу кои се Лил, Рома, Шахтјор, Брага, Пакос Фереира, Порто, Авес, како и Милан, од каде што беше отпуштен пред еден месец.