„Казната на Синер е како да суспендирате фудбалер за време на лето“


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Англискиот тенисер Лијам Бруди на интересен начин ја коментираше суспензијата на Јаник Синер.

По многу месеци драма и шпекулации, Јаник Синер конечно беше суспендиран – на три месеци, во периодот меѓу два Гренд слем турнири и точно пред Мастерсот во Рим.

Тоа ги налути многу тенисери кои реагираа на „смешната“ суспензија.

„Мислам дека е многу насочено кон тоа забраната да има што помалку влијание на кариерата на Јаник. Суспензијата завршува ден пред Мастерсот во Рим, кој е најголемиот турнир во неговата земја и совршена подготовка за претстојниот Ролан Гарос. Разговарав со некои луѓе и тие ми рекоа дека ова е како премиерлигашки фудбалер да биде суспендиран за време на лето…, рече Бруди за „Би-Би-Си“.