Јувентус за „разводот“ со Мота ќе треба да потроши 20 милиони евра!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Испадна од Лигата на шампионите, елиминиран и од италијанскиот куп. Дури и кога победува – доста се мачи. Почетниот елан со Тијаго Мота брзо помина, допадливата игра од неколку воведни кола исчезна и проблемите се натрупуваат.

Никој не е задоволен, бидејќи засега работите не се движат во насоката во која очекуваа во клубот од Торино. Сепак, спортскиот директор Кристијано Ѓунтоли тврди дека нема да дојде до предвремено раскинување со Тијаго Мота, иако шпекулациите за негов наследник веќе започнаа. Можеби затоа што разводот би бил прилично скап.

Мота летово дојде во клубот од Торино и се обврза на соработка до летото 2027 година. Ниту една сезона не помина, а веќе е на тенок мраз и во Италија се споменува отштета од околу 20.000.000 евра.