Позната тенисерка „распали“ американскиот претседател: Трамп нè загрози!


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Познатата украинска тенисерка, Елина Свитолина, го коментираше јавниот конфликт помеѓу Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Посетата на Зеленски во Белата куќа во петокот беше прекината откако Зеленски влезе во жестока препирка со претседателот Доналд Трамп, кој го обвини за непочитување.

Свитолина, која од почетокот на војната е најостра и најгласна во осудите кон Русија од сите украински спортисти, е загрижена поради сè што се случи во Белата куќа.

„Трамп само што започна а веќе донесе неколку одлуки што нè загрозија Украина. Затоа мораме уште повеќе да се обединиме. Нема да се предадеме”, рече во интервју за „Њујорк тајмс“, Свитолина.

„Соединетите Американски Држави многу долго ни помагаа. Се наоѓаме пред неверојатни предизвици и никој не знае што нè чека утре. Поради тоа што Америка не ни помага последните недели, мораме уште повеќе да се обединиме”, додаде Украинката.