Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Карлос Алкараз, кој е еден од најперспективните тенисери на денешницава, смета дека е малку веројатно некој играч во иднина да ги повтори успесите на легендарната „голема тројка“ – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Според талентираниот Шпанец, кој претставува лидер на новата генерација тенисери, тековната конкуренција е силна, но ривалството на овие тројца великани е речиси невозможно за повторување.
„Реков дека тие го подигнаа тенисот на астрономско ниво, поставувајќи стандарди што ќе бидат тешко достижни. Денес има многу играчи кои можат да освојуваат гренслем-титули и да победуваат врвни противници. Јас сум дел од таа млада генерација, но искрено, ривалството какво што го имаа Надал, Федерер и Ѓоковиќ ќе биде невозможно да се повтори“, посочи Алкараз.