Вардар и Шкендија си поделија по еден бод во големото дерби


Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Во дерби-натпреварот од 24. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кој се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, екипите на Вардар и Шкендија освоија по еден бод, завршувајќи со резултат 1-1.

Мечот беше полн со возбудувања, со големи шанси од двете страни и извонредна атмосфера на трибините. Посебен амбиент создадоа навивачите на Вардар, кои активно ги поддржуваа своите фудбалери.

Шкендија го постигна првиот гол во 21. минута, кога Решат Рамадани со прецизен удар од далечина го доведе својот тим во водство. Вардар брзо возврати и веќе четири минути подоцна, новото засилување од Тиквеш, Спахиу, успеа да го израмни резултатот на 1-1 со погодок против голманот на Шкендија.

Со освоениот бод, Вардар сега има 22 бода и останува на осмото место на табелата. Во меѓувреме, Шкендија продолжува да ја држи првата позиција со 50 бодови.