Галатасарај се подбиваше со Мурињо – го сместија на психијатрија (Видео)


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Фудбалерите на Галатасарај се изборија за пласман во полуфиналето на турскиот куп откако како гости го победија најголемиот ривал Фенербахче со 1:2. По натпреварот, на социјалните мрежи на Галатасарај се појави цртан филм со кој клубот му се подбиваше на тренерот на Фенер, Жозе Мурињо.

На официјалниот профил на Галатасарај се појави краток цртан филм во кој Мурињо прво држи конференција за медиуми, споменувајќи противници и картони, а потоа сонува за противничките играчи. Сѐ завршува со сцена во која се буди во клиника за психијатрија.