Тикет на денот (петок, 18.04.2025)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денес имаме почеток на уште една нова рунда во домашните првенства и ќе се игра ширум европа, но со малку поинаков распоред поради Велигден. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Рен – Нант – 1 @ 1.75 во Mozzart

Од Рен да бидеме искрени ама очекувавме многу повеќе. За жал работите се такви какви што се и во моментов тие се на средината на табелата, па ќе мора да се задоволат само со навремен опстанок и ништо повеќе. Истото може да го кажеме и за Нант, но тие се уште немаат сигурен опстанок, но позитивно е што имаат еден натпревар помалку од своите конкуренти, па тоа им дава евентуална предност. Овде ние очекуваме победа за домаќините и типуваме 1 со квота 1.75 во Mozzart.

Ласк – Тирол – 1 @ 1.63 во 22Bet

Откако се подели лигата во Австрија, тимот на ЛАСК припадна на групата за елиминација, но тие таму го имаат првото место со одлична бодовна предност и се на вистински пат да изборат пласман во квалификациите за конференциската лига. Тирол од друга страна има само 13 бода, два повеќе од последниот Алтах, па доколку сака да го избегне најлошото сценарио ќе треба да собира уште бодови, но со некој друг противник бидејќи кај ЛАСК нема да може тоа да го направи. Наш предлог е 1 со квота 1.63 во 22Bet.

Бронби – Нордсјеланд – ГГ @ 1.57 во Bet365

Од 19:00 часот во рамките на данската прва лига – плеј оф ќе се сретнат екипите на Бронби и Нордсјеланд. Домаќините благодарение на трите врзани победи стигнаа до позиција која води во Европа, но големо е прашањето дали ќе го издржат притисокот до самиот крај. Нордсјеланд пак како што стојат работите се наоѓа на последното место, но тоа не ја исклучува можноста за и овој тим да се приклучи во борбата за некој од европските купови. Како и да е, овде очекуваме голови, а ние типуваме ГГ со квота 1.57 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.48

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 18.04.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk