Гвардиола ќе остане со празни раце поради Мареска: Челси подготвува голем „грабеж“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се приближува почетокот на летниот трансферен период, па така приказните од трансфер пазарот стануваат се почести. Оваа доаѓа од англиската Премиер лига.

Деновите на Едерсон во дресот на Манчестер Сити се скоро сигурно изброени, и Пеп Гвардиола веќе бара замена за него меѓу стативите.

На сите им е јасно дека Бразилецот ќе го напушти Етихад ова лето, а Граѓаните се насочија кон португалскиот голман – Диого Коста.

Контактите меѓу Манчестер Сити и Порто веќе биле воспоставени, но сега дојде до пресврт во целата оваа приказна.

Како што пренесуваат англиските медиуми, во приказната сериозно се вмеша и ривалот на Сити од англиската Премиер лига – Челси.

Фото: Челси/ФБ