Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Трент Александер-Арнолд донесе одлука да го напушти својот клуб од детството – Ливерпул и да замине како слободен играч на крајот на јуни.
Според речиси сите светски медиуми, Англичанецот кој игра на позицијата десен бек направи договор со Реал Мадрид и ќе им се приклучи како слободен играч.
Бројни навивачи на Ливерпул го нападнаа Трент на сите социјални мрежи, и некои го нарекуваат „Змија“ поради големото предавство што ќе го направи за клубот каде што порасна.
Во негова одбрана не застана ниту една легенда на Ливерпул, а и како би можеле после сето ова?
Тоа што е интересно е дека една легенда на Манчестер Сити одлучила да го поддржи Англичанецот.
Станува збор за Серхио Агуеро кој остави историја на Етихад во дресот на „небесно сина“ боја.
„Мислам дека секогаш треба да се почитуваат одлуките на фудбалерите. На крајот на денот тоа е неговата одлука и таа треба да се почитува“, изјави Агуеро.
Фото: Liverpool/FB