Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Иван Ракитиќ е играч на Хајдук, но со оглед на неговата феноменална кариера во Барселона и Севиља, често е гостин во шпанските медиуми. Така, даде интервју за Радио Марка.
“Ракитиќ освои тројна круна со Барселона во 2015 година и е легенда на Севиља со брилијантна меѓународна кариера. Сега е во Хрватска, од каде внимателно следи сè во Ла Лига, особено неговите два најомилени клуба”, вака напиша Марка во воведот на печатеното издание, кадешто исто така го пренесе интервјуто со Ракитиќ.
Тој за Барселона играше од 2014 до 2020 година. Освои четири првенства и купови и една Лига на шампионите. За Барселона одигра 310 натпревари, постигна 35 голови и асистираше 42.
Ламин Јамал брилира иако има само 17 години. Пике изјави дека тој сепак не би бил стартер во вашата генерација?
Се согласувам. Ламин е неверојатен, но нападот на нашата Барселона беше најсилниот во историјата – Меси, Нејмар и Суарез. Но, Ламин е одличен и може да игра на која било позиција во нападот. Ми се допаѓа неговата самодоверба и тоа што се гледа како ужива додека игра.
Фото: Принтскрин