Арсенал сака ѕвездата на Реал Мадрид, а Перез порача: Платете 100 милиони и тој е ваш!


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави вест дека Родриго сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи не е задоволен од својот статус во екипата, а наводно Кралевите веќе одредиле цена за него бидејќи еден клуб веќе ги контактирал.

Родриго во претходните сезони беше играч на одлука во многу натпревари за Реал Мадрид, но со доаѓањето на Килијан Мбапе неговиот статус се промени.

Шпанските медиуми пишуваат дека Родриго му замерува на Карло Анчелоти што целосно падна на втор план кога пристигна Мбапе и не сака повеќе да биде во сенка на одредени играчи и е подготвен да го напушти клубот.

Исто така, Родриго веќе им соопшти на раководителите дека сака да замине и дека ќе остане само ако новиот тренер разговара со него и го увери во тоа.

Доколку Родриго навистина сака да си замине од Реал Мадрид, тогаш ќе може тоа да го направи ако некој клуб плати минимално 100 милиони евра за него, а Перез јасно порача дека под таа цена не планира да го пушти.

Фото: Принтскрин