Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Челси вчера на својот терен го победи Ливерпул со 3:1 во дербито од 35-тото коло на Премиер лигата. Пред почетокот на мечот, домаќините го направија шпалирот за Редсите кои веќе ја освоија титулата првак на Англија, но многумина видоа дека еден играч на Сините воопшто не аплаудираше.
Играчите на Челси аплаудираа на фудбалерите на Ливерпул додека излегуваа на теренот, но наскоро главна тема на социјалните мрежи стана еден од играчите на домашниот тим кој не сакаше да аплаудира на Редсите.
Станува збор за Нони Мадеке, кој само мирно стоеше додека играчите на Ливерпул минуваа покрај него и беше единствениот кој не им аплаудираше, што беше забележано и од камерите.
Овој 23-годишен англиски играч доби жестоки критики на социјалните мрежи поради тоа, а секако особено од навивачите на Ливерпул.
On god my Madueke agenda starts now pic.twitter.com/DTAOWMGtZ1
— RYAN (@6thiagoat) May 4, 2025
Фото: Принтскрин