Арсенал му украде спектакуларно засилување на Реал Мадрид


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Чаби Алонсо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, а иако неговата ера во клубот сè уште не започнала, овој тренер остана без тројца играчи кои силно ги посакуваше во својот нов тим.

Алонсо го презема Реал Мадрид во наредните месеци. Веќе имаше испланирани потези овој стратег, а меѓу нив беа доведувањето на Флоријан Вирц и Џонатан Та од Бајер, и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Сепак, стигна уште еден голем удар. Мартин Зубименди нема да го носи дресот на Реал Мадрид. Феноменалниот 26-годишен играч за врска договори трансфер во Арсенал. Тој ќе стане првото засилување за Микел Артета за новата сезона.

Фото: Принтскрин