Бонучи се враќа во Јувентус, но во поинаква улога!?


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Леонардо Бонучи може наскоро да се врати во Јувентус, овој пат во тренерска улога. Според пишувањето на Tuttosport и Calciomercato.com, раководството на клубот сериозно ја разгледува можноста поранешниот капитен да ја преземе улогата на тренер во рамките на клубскиот систем – било во младинските категории или дури и како дел од стручниот персонал на првиот тим, во зависност од тоа кој ќе биде следниот главен тренер.

Идејата за враќање на Бонучи беше дискутирана на вечера во Рим на која, покрај него, присуствуваа Џорџо Кјелини, веќе вработен во клубот, и спортскиот директор Кристијано Џунтоли.

Бонучи ја заврши кариерата на крајот од сезоната 2023/24 и од октомври работи како помошник тренер на италијанската репрезентација до 20 години под водство на Бернардо Корарди. Паралелно, посетува тренерска едукација и полага потребни лиценци.

Фото: Принтскрин