Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, имаше целосно право да „филозофира“ по освојувањето на Лига Европа и пласманот во Лигата на шампионите. И тоа во јубилејниот 100-ти натпревар на клупата на Петловите.
Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед во Билбао со 1:0 и го освоија првиот трофеј после 17 сушни години. Исто така, успеаја директно да се квалификуваат за Лигата на шампионите, иако се на 17-то место на табелата во Премиер лигата.
Тоа освен вредниот европски трофеј значи и заработка од околу 100 милиони евра.
„Знам дека нашата лига форма беше неприфатлива, но освојувањето на третото место не би го променило овој фудбалски клуб, освојувањето на трофеј би, тоа беше мојата амбиција и бев подготвен да го носам ако тоа не се случи“, рече Анге Постекоглу, пренесуваат англиските медиуми.
Менаџерот на Тотенхем се потсети на изјавата што ја даде уште во септември „дека секогаш победува во втората сезона“. Така беше со Јужен Мелбурн и Брисбејн Роур во Австралија, Јокохама Мариноз во Јапонија и Селтик во Шкотска. Така е и сега со Тотенхем.
„Луѓето погрешно ме толкуваа. Не се фалев, само дадов изјава и верував во тоа.“
Фото: Принтскрин