Ѓоковиќ доби емотивна честитка: Погледна стара фотографија и се расплака (Видео)


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Честитка за роденденот Ѓоковиќ доби и од АТП, а сега се огласи и официјалниот профил на Олимписките игри и споделија снимка од Ноле и новинарот кој му ја дава на Србинот негова фотографија од детството.

– Како би го опишал овој пат од овој момент до сега кога се си постигнал – беше прашан, а потоа Ѓоковиќ се расплака и одговори.

– Имав четири години на Копаоник, планина во Србија. Тоа беше прв пат кога се заљубив во спортот. Многу сум благодарен на сите луѓе, вклучувајќи го и мојот прв тренер кој ми помогна да се заљубам во тенисот. Благодарен сум на сите луѓе. Благодарен сум на Бога што ми ја даде оваа милост и благослов и оваа шанса.

– Во тоа време беше скоро невозможно да ги постигнам сите овие нешта, но ништо не е невозможно. Кога имаш вера и сила и веруваш во себе. Ништо не е невозможно – рече Новак Ѓоковиќ.

Фото: Принтскрин