Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ ќе игра околу 15.30-16 часот против Британецот Камерон Нори во полуфиналето на АТП турнирот во Женева.
Новак и Камерон го чекаат завршетокот на мечот помеѓу Хуберт Хуркач и Себастијан Офнер, кој ќе започне во 14 часот.
Ова ќе биде петтиот дуел на Новак против Нори, а Ѓоковиќ има победено во сите четири претходни пресметки.
Нори стигна до полуфиналето откако синоќа доцна го победи Австралијанецот Алексеј Попирин во четвртфиналето со резултат 7:6 (8:6), 6:4.
Фото: Grok AI