Познато кога Ѓоковиќ го игра првиот меч на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во вторник ќе започне со своето учество на Ролан Гарос.

Шестиот тенисер во светот се подготвува за финалето во Женева против Хуберт Хуркач (сабота, 15.00), а во меѓувреме индиректно дозна и кога ќе го одигра мечот од првото коло во Париз.

Ѓоковиќ не е во распоредот за првите два дена кои се резервирани за мечевите од првото коло (недела и понеделник), па јасно е дека ќе игра во вторник против Мекензи Мекдоналд.

Ролан Гарос е на програмата од 25 мај до 8 јуни.

Фото: Принтскрин