Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Реал Мадрид денес во 16:15 часот ќе игра натпревар од 38. коло на шпанското првенство на Сантјаго Бернабеу против Реал Сосиедад. Ова ќе биде последна прилика за навивачите да го видат Лука Модриќ на стадионот во Мадрид и да се простат со него.
Капитенот на тимот ќе го води Реал и на Светското клупско првенство, но денешниот натпревар е последната шанса за овации какви што безброј пати добивал при напуштањето на играта.
„Марка“ утрово посвети еден од многуте текстови на хрватскиот капитен. Оваа статија се занимава со „десетките“ на Реал, а токму Модриќ го нарече Марка најдобрата „десетка“ во историјата на мадридскиот клуб.
Фото: Grok Ai