Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Откако не успеаја да го привлечат германскиот талент Флоријан Вирц, раководството на Баерн Минхен се определи кон нова стратегија со фокус на Ливерпул – клубот кој ја доби трката за неговото ангажирање. Според најновите извештаи од германските медиуми, баварскиот тим има план да се одмазди со интерес кон една од ѕвездите на тимот од Англија.
Новинарот Флоријан Плетенберг објавува дека Баерн го поставил холандскиот национал Коди Гакпо на врвот од својата листа за потенцијални засилувања.
Проценките велат дека напаѓачот вреди околу 60 милиони евра, а баварците се подготвени да испратат официјална понуда и да му понудат атрактивни лични услови.
Фото: Принтскрин