Челси има „црна листа“ составена од 15 фудбалери

Фудбалскиот клуб Челси би можел да продаде огромен број играчи ова лето.

Британскиот „Гардијан“ денес направи листа од дури 14 играчи кои не се во плановите на Енцо Мареска и за кои Челси ќе слуша понуди, а одредени сигурно ќе мора да ги прати на позајмици.

Сите играчи на позајмица, кои сега се враќаат на „Стемфорд Бриџ”, нема да имаат место во тимот ниту во новата сезона, а тоа се – Ѓорџе Петровиќ, кој не се грижи бидејќи има доволно понуди, а покрај него – Жоао Феликс, Ренато Веига, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, Керни Чуквуемека, Лесли Угочукву и Рахим Стерлинг.

На жалост на Челси, ниту еден од овие играчи не беше откупен по истекот на позајмиците, па сега клубот мора да бара нови решенија и најверојатно да ги продаде под цена.

Меѓу членовите на тимот кои исто така се на продажба се и Кристофер Енкунку, Нони Мадуеке, Роберт Санчез, Весли Фофана, Трево Чалоба и Дузбери-Хол.

Енцо Мареска смета дека многумина од нив не го покажаа потребното ниво, но на пазарот сè уште се на цена, па би можеле да ја наполнат касата за нови засилувања.