Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Дејвид Кут, за време на својата судиска кариера, судеше на Европското првенство и во Премиер лигата, а сега доставува пакети на врата. Еден пар беше изненаден кога нивниот пакет им го достави лице кое некогаш било познато по своите настапи на големи меѓународни натпреварувања.
Овој 42-годишен поранешен судија моментално е под 16-месечна суспензија, откако јавноста дозна за неговото скандалозно однесување.
Снимката на која се гледа како вреѓа поранешниот тренер на Ливерпул Јирген Клоп, како и снимка на која е фатен како вшмркува кокаин ден по натпревар на Европското првенство, доведоа до неговото исклучување од професионалниот фудбал.
„Сакам да продолжам понатаму. Се обидувам повторно да го изградам својот живот, да најдам нова цел и одговорност. Оваа работа ме држи зафатен и ми помага да се справам со ситуацијата, но не е план за иднината“, изјави Кут неодамна во интервју за британските медиуми.
Фото: Принтскрин