Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Французинката Лоис Буасон (22) стана вистинско откритие на овогодинешниот Ролан Гарос! Со специјална покана и како 361-та тенисерка во светот, стигна до полуфиналето, каде загуби од Коко Гоф!
Патот до тука беше сѐ друго освен лесен. Буасон минатата година пред самиот почеток на Ролан Гарос ги скина предните вкрстени лигаменти и беше надвор од теренот дури девет месеци. Во јануари се обиде да се врати, но без спонзори, без поддршка и без богато семејство зад себе – делуваше како невозможна мисија.
Дотогашната кариера ѝ донесе само 130.000 евра заработка – што не е ни блиску доволно за покривање на трошоците за професионален тенис. Затоа се одлучи на „crowdfunding”, односно заедничко собирање средства така што се обрати на пошироката јавност, главно преку интернет. За жал, собра само 100 евра…
А тогаш – неверојатен пресврт. На теренот почна да игра како во транс. Прво ја исфрли третата тенисерка во светот Џесика Пегула (31, САД), а потоа и шестата, чудото од Русија Мира Андреева (18).
Со пласманот во полуфинале обезбеди 690.000 евра награда, што е огромен скок и финансиски и спортски – веќе од понеделник ќе биде барем 65-та на ВТА листата! Тоа автоматски ѝ гарантира директен пласман во главната ждрепка на Вимблдон и Отвореното првенство на САД, каде и поразот во првото коло носи скоро 150.000 евра.
Меѓу другото, ги урна и некои рекорди. Стана првата тенисерка уште од Серена Вилијамс која како играчка рангирана под 300-то место совлада две топ 10 играчи на еден турнир. Серена последен пат тоа го направи 1997 година во Чикаго, против Мери Пирс и Моника Селеш.
Фото: Принтскрин